EV
Посилен мотор за Panamera Turbo S E-Hybrid
Porsche ја дополни гамата на обновената Panamera со посилна изведба на Turbo S E-Hybrid верзијата.
Овој луксузен автомобил и сега доаѓа со комбинација на 4,0 литарски твин-турбо V8 со електромотор, кои заедно развиваат точно 700 KS и 870 Nm вртежен момент.
Од Porsche уште истакнуваат дека со новата батерија од 17,9 kWh и оптимизираните режими на возење оваа Panamera ќе помине само на струја 50 километри.
Техничките податоци се дополнети и со комбинираната потрошувачка на гориво од 2,7 l/100 km и на струја од 21,8 kWh/100 km, додека емисијата на CO₂ изнесува 62 g/km.
Високата цена од 185.537 евра е причина да биде интересна и послабата 4 E-Hybrid изведба на Panamera со твин-турбо V6 мотор со комбинирани 462 KS, чија цена изнесува 110.369 евра. Гамата е заокружена со класичната Panamera 4S со 440 коњи и цена од 115.241 евро.
Сите верзии на Panamera ќе бидат достапни со стандардно или продолжено меѓуоскино растојание и во Sport Turismo караванска изведба. Испораките ќе започнат во декември.