EV
Поради проблеми со управувачот Tesla повикува во сервис 15 илјади возила
Во Tesla е детектиран проблем со механизмот за управување поради што во сервис ќе бидат повикани 15.000 сопственици на моделот, Model X.
За очекување е притоа да се појавуваат одредени проблеми за чие решавање мора да интервенираат фабричките сервисери. На сопствен трошок, се разбира!
Кај одреден број примероци од моделот, Model X е забележан проблем кај завртките на серво управувачот, а тоа е доволен аларм за масовен повик во сервисните центри.
Се работи за корозија на завртките кои го спојуваат серво моторот со куќиштето, што може да доведе до сериозно нарушување на функционирањето на управувачот.
Овие примероци на Tesla се произведени во погоните во САД и Канада, а според фабричките информации, засегнати се околу 15 илјади сопственици на Model X.
Се рабира трошокот за поправките ќе оди на сметка на производителот кој ќе интервенира со промена само на завртките или пак на целиот серво мотор.