Во светот
Поминал на 63 црвени светла во затворен тунел!
Низ колку црвени светла треба да поминете за да сфатите дека треба да застанете?
Вакво прашање не може да се сретне ни во некоја пародија за ептен лоша обука во авто-школите, ама очигледно некому мора да му се постави.
Тешко е да се поверува дека вакво нешто е можно, ама уште потешко во она што го направил кога конечно црвените светла му удриле во глава.
Тој едноставно, застанал, свртел полукружно на две полни линии и се вратил назад низ тунелот долг цели 17 километри!
Настанот се случил во швајцарскиот тунел Готард кој бил затворен за сообраќај заради поминување на специјален транспорт.