Анализи
Помеѓу течните горива и електриката
Во моментов Европа живее во исчекување на упокојување на класичните и омасувовување на електричните возила.
Додека трае технолошката револуција некои етаблираните играчи мака мачат како побезболно да ја изведат транзицијата, додека некои други – воглавно американските и кинеските производители – агресивно го напаѓаат пазарот.
Дефинитивно, во наредниот период од темел ќе се промени мапата на автоиндустријата, промените ќе бидат и повеќе од драматични. Европа и Јапонија покажуваат несфатлива немоќ – тие ја прифатија играта тотално непоготвени.
На салонот во Франкфурт одржан 2017-та, Канцеларката Меркел излезе со порака до домашните производители: доцните во развојот на електрични возила. Таа изјава дојде како капак на веќе „издуваните“ дизели во аферата дизелгејт.
Ништо без јасна визија, ќе констатираат творците на зелената технологија. Поготово по драматичните последици што ги предизвика пандемијата, која го прекина синџирот на производство, а без последици не остана и развојот на новите технологии.
Сега се живеат последиците, автомобили едноставно нема. Во Германија, која важи за автомобилска локомотива на европскиот технолошки воз, на нов автомобил се чека по неколку месеци, притоа продавачите не се осмелуваат ниту капар да земат затоа што цените не се фиксирани.
Елеткричната страна на приказнава е малку посветла, нови модели се претставуваат како на лента, но за жал сеуште нивното учество е симболично. Зелената агенда се одржува со постојан раст на хибрдините Plug-in возила, но и тоа е слаба утеха – вкупната продажба е во сериозна депресија.
Затоа, пак, на готовс со американските и кинеските производители кои гомилаат продажни бројки на домашните пазари, собирајќи така драгоцени искуства.
Да илустрираме со конретен пример, додека во Европа Opel и Škoda привремено ги затвараат своите погони, кинеските стартап компании Nio и Xpeng минатиот месец ја надминаа бројката од по 100 илјади испораки.
Да е драмата уште потрагична по Европа, новите модели доаѓаат со врвна технологија. А нападот на кинезите е систематски организиран, толку ги има што нивниот претседател неодамна повика на воздржаност во однос на претставувањето нови модели.
Кон престројувањето на светската автоиндустрија дојде по падот на американските традиционални производители, па противударот дојде во вид на електрично придвижувани автомобили. Во исто време заспаните европски (про-дизел) и јапонските (про-хибридни) производители се најдоа во небрано.
Неодамнешната иницијатива на јапонците за спас на возилата со класични мотори, во овие околности, делува прилично архаично. Честа на големите останува да ја бранат корејските компании кои паралелно вложуваа и во технологијата на електрично придвижувани возила.
На иста линија е и PSA групацијата, но се чини дека премногу енергија троши на фокусот за создавање здрава основа на здружувањето со групата FCA.
Додека корејците се потпираат на сопствени извори на снабдување, француско-италијанско-американската корпорација силно зависи од надворешни снабдувачи. А тоа се покажува како ненадминлива пречка за функционирање на производните линии – настрана намелената побарувачка.
Ако судиме според актуелните случувања, преминот од класична во електрична технологија, европските и јапонските производители ќе го доживеат со драматични последици. Но има надеж, автомобилскиот имиџ се гради со децении, а на тоа поле етаблираните производители се без конкуренција.
текст: Агрон Сулејман