Во светот
Половните возила во САД поскапи отколку кога биле нови
Пазарот на половните возила во САД збрлаве – некои модели сега се продаваат поскапо отколку кога биле нови.
Причината за тоа е добро позната – тоа пандемијата која најпрво ги затвори производствените погони заради здравствени причини, а сега заради недостатокот на чипови.
Тоа според законот на понудата и побарувачката ги искачи нивните цени во последните 18 месеци меѓу 15 и 40 отсто, во зависност од моделот.
А тоа пак резултираше со апсурдна ситуација некои модели како половни да се продаваат поскапо отколку кога биле нови.
Ова не е осамен пример – една група аналитичари од САД тврди дека ловејќи ги по огласите и аукциите наишле на вкупно 73 половни модели кои се продаваат поскапо од нивните изворни цени.
Најголем дел се добро опремени SUV и пикапи, меѓу кои Ford F-150, Jeep Wrangler, па дури и Mercedes G-класа.