Во светот
Пневматици кои траат 130.000 километри [видео, 00:32]
Финскиот Nokian Tyres пријатно ги изненади Американците – им понуди пневматици кои траат 80.000 милји, односно 130.000 километри.
Наречени се Nokian One и согласно својот животен век наменети се за сите сезони, но мора веднаш да ве разочараме – само за Америка.
За нив е користена посебна смеша на материјали во кои доминираат арамидните влакна, што се користат за изработка на панцирни елеци и вселенски летала.
Пневматикот има и заштита против дупки, за која Nokian вели дека е непобедлива – доколку дојде до оштетување, тој бесплатно ќе им биде заменет на возачите.