EV
Пат што ќе ги полни електричните автомобили во возење
Дали е на повидок решавање на горливото прашање со полнењето на батериите на електричните автомобили?
На тоа се надева и администрацијата на американската сојузна држава Индијана која во соработка со универзитетот Пердју и германската компанија Magment гради пат што ќе ги полни електричните автомобили во возење.
На почеток само на делница од барем половина километар, а потоа и на дел од автопатската мрежа на Индијана.
Останува нејасно какви техники и технологии инженерите планираат да користат за производство на енергија која ќе биде доволна за погон на електричните возила.