Unite Gallery Error:

Gallery with alias: VolvoXC40iDr not found
Партнерство на успешните - Autoinfo.mk

Актуелен Миг

Партнерство на успешните

Објавено на

 

„Мажот на годината за 2018 во Македонија“ во иднина ќе вози Volvo XC40 кој е носител на најпрестижната автомобилска титула, „Автомобилот на годината за 2018 во Европа“.

Д-р Владимир Чадиковски, „Мажот на годината за 2018“, е горд сопственик на сосема нов Volvo XC40 D4 со 190 КС, опремен со автоматски менувач, погон на сите тркла и врвно ниво на опрема, Momentum.

Освен сопствеништвото, Д-р Владимир Чадиковски е официјално лице на Volvo за Македонија и ова е само почеток на долгорочна соработка  помеѓу Д-р Чадиковски и новиот дилер на Volvo во Македонија, компанијата Премиум АГС.

„Во 2019 одбележувам 21 година од мојата професионална кариера. Низ годините сум добил многу признанија за својот труд, но особено ми е драго што годината ја завршувам со признание „Маж на годината за 2018“.

Убаво е чувството кога по толку голема посветеност, вложена енергија, време и труд за професионално усовршување, добивате вакво признаниe, а посебно кога алката ја надополнува и Volvo.

По напорен ден, ви треба стабилност и удобност, а за старт на денот во мојата професија потребна е енергија и моќ за сите предизвици. Volvo XC40 е вистинскиот избор за мене. Сакам да изразам голема благодарност до тимот на Премиум АГС кои ме поврзаа со еден премиум бренд како Volvo.” – вели д-р Владимир Чадиковски.

Основни податоци за Volvo XC40

Уште од самото претставување, за Volvo XC40 предизвика огромен интерес кај публиката. Ако се суди според бројот на порачки, голема е веројатноста дека овој мал SUV ќе стане најбараниот модел во историјата на Volvo!

Mногу пред да го покажат автомобилот во својата сериска верзија, минатата година, од Volvo изјавуваа дека идејата за персонализација ќе биде во центарот на XC40.

Сега, кога XC40 е достапен на пазарот, гледаме дека освен новите решенија за бои и контрасти на надворешноста, дизајнерите обрнале сериозно внимание и на воведувањето на нови материјали и стилизирани комбинации на бои за ентериерот.

Новата платформа овозможува вградување на преден или интегрален погон додека трансмисијата во случајот на рачно менување располага со 6 додека автоматиката со 8 степени на пренос.

Во моделот за кој се одлучи Д-р Чадиковски е вграден современ дизел од два литра кој ослободува 190 КС. Тој е спарен со автоматски менувач а карактерот на најмалиот  SUV на Volvo е определен со богатиот пакет на опрема, Momentum.

Нашите впечатоци од редовниот тест за Volvo XC40 може да ги прочитате на следниот LINK.

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.