Во светот
Париз ја ограничи брзината на 30 км/ч
Во централното подрачје на Париз нема веќе да смее да се вози со брзина повисока од 30 км/ч.
Иако новиот пропис веќе стапи на сила, делува малку нереално. Максималната брзина да изнесува само 30 км/ч навистина звучи претерано. Но така е тоа од Балканска гледна точка. Очигледно французите мислат поинаку.
Но, не е се така драматично како што тоа изгледа на прв поглед, затоа што и пред воведување на овие мерки добар дел од централното подрачје беше под режим „30 км/ч“.
Од друга страна за запазување на демократичноста, на граѓаните им беше овозможено по пат на електронско гласање да го искажат своето мислење.
Се е тоа во ред, но објаснувањето дека ќе биде зголемен протокот на возилата, некако не ни се вклопува во целава приказна.