Во светот
Париз се враќа!
После четиригодишна пауза, биеналниот салон на автомобилите во Париз се враќа во 2022 година.
Салонот на автомобилите во Париз кој се одржуваше наизменично секоја втора година со салонот во Франкфурт, беше еден од најголемите во Европа и еден од најпознатите автомобилски настани во светот.
Организаторите сега ги најавија плановите за враќање кое треба да се случи од 17 до 23 октомври идната година, во партнерство со Equip Auto манифестацијата.
Спојувањето на двата настана ќе пружи двоен фокус без преседан бидејќи Equip Auto традиционално е свртен кон постпродажбата и услугите поврзани со мобилноста.