Во светот
Откажан салонот на автомобилите во Брисел
Само што започнаа да се враќаат во некаква си нормала, работите повторно тргна наназад – салонот на автомобилите во Брисел е откажан.
Причината не треба да ја елаборираме – тоа е исклучиво влошувањето на ситуацијата со корона вирусот во Белгија заради што се очекува воведување на построги мерки.
Тие наведуваат дека наишле на позитивна клима од страна на изложувачите, но сепак здравствената безбедност на сите е во прв план.
Наредното издание на овој салон кој термински го замени Детроит е закажано за јануари 2023 година, со најави дека ќе биде подржан од нова дигитална платформа.
Поинаку кажано, големо прашање е дали и тој воопшто ќе се одржи како класичен салон на кој посетителите ќе можат да ги видат и пипнат експонатите.