Во светот
Освежување на Hyundai Tucson
За моделската 2024 Hyundai Tucson претрпе помали промени на надворешноста и целосен редизајн на внатрешниот простор.
Убава е тоа бројка за компактниот SUV кој се произведува во Чешка и се продава во над 60 земји.
Иако се продава и надвор од континентот, најомилен е кај публиката од Германија, Шпанија и Велика Британија.
Неговата популарност е неоспорна и кај нашата публика.
Старата стратегија за освежување на моделот и кога неговата продажба оди одлично, се применува и кај актуелната генерација.
Со планираните промени се интервенира во помал обем во надворешноста, умерено во механичката поставка и драмтаично во внатрешноста.
Надворешноста ја красат нови одбојници на предниот и задниот дел, нова графика на светлата, можност за поголеми тркала, нови бои и уште по некој ситен естетски детал.
Затоа внатрешноста е целосно нова. Со промените се зафатени таблата со инструменти која сега е изведена во еден (заоблен) екран од 12,3 инчи.
Исто така нов е и централниот гребен, а кон промените се придружуваат и можноста за хедап дисплеј, седиштата, командите,…
Докажаната механичка основа сега се проширува со плагин хибридна верзија. На постоечките бензински, хибридни и „милд“-хибридни погони, сега им се придружува и верзијата која има најголема автономија само на електрична енергија.