Во светот

Освежување за Kia Soul

Објавено на

 

Настанат како резултат на „младешката бунтовност“ на Kia, кросоверот Soul доби освежување.

Третата генерација на компактниот SUV Kia Soul дебитираше 2018 година, со дводелните светла како една од главните стилски адути.

Но модата не потраја долго и сега со освежувањето овој нетипичен кросовер доби сосема поинаков преден дел.

Нови се и браниците а маската е зголемена, додека назад задржаните основни црти стилски се омекнати и разубавени.

Промените во кабината не се така впечатливи – изменети се копчињата, графика и позадинското осветлување на малиот дисплеј за климатизацијата и слично.

Во поскапите пакети се појавија виртуелни инструменти и електромеханичка рачна сопирачка, а со нови функции унапредени се и електронските асистенти.

Моторизацијата е позната само за Америка – дволитарски бензинец со 149 и 1,6 литарски турбо со 204 коњски сили – на другите пазари палетата ќе се состои од поинакви погонски единици.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.