Актуелен Миг

Организиран вториот “Аутопартс Експо 2023”

Објавено на

 

На вториот саем за автоделови “Аутопартс Експо 2023” се претставија 22 реномирани светски производители на автоделови и опрема за авто сервиси.

Минатата недела х. Мериот во Скопје беше збирно место на големата заедница која се занимава со поспродажните автомобилски активности.

Гиганти од индустријата ги изложија своите производи од областа на автоделовите, опремата за сервиси и придружната опрема.

Преку 600 професионалци од државата како и од регионот, имаа прилика одблизу да се запознаат со најновите технолошки достигнувања, иновациите и решенијата од индустријата за производство на авто делови, опрема за сервисирање и уреди за авто дијагностика.

За виското ниво на претставување се погрижија бројните партнерски фирми на „Мега Ауто Партс“ презентирајќи им корисни информации на сите заинтересирани гости.

Саемот првенствено беше наменет за редовните клиенти на нашата најголема компанија од областа, но секако, присуствуваа и потенцијални клиенти на компанијата.

На едно место се најдоа сервисери на моторни возила, продавaчи на авто делови од сите градови на државата, како и претставници на компании кои поседуваат возен парк и имаат потреба од квалитетни и оригинални автоделови.

Во добрата традиција на организиација на случувања од ова ниво беа поделени и многу подароци и награди кои ги обезбедија самите изложувачи.

Организаторот, комапнијата „Мега Ауто Партс“, воедно саемот го искористи и за прослава на 25 години од постоењето.

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.