Што ќе кажете на овој ‘Made in India’ Lamborghini Aventador за сиромашни?
Ние ќе кажеме дека изгледа одлично – Индијците навистина се потрудиле да ги доловат сите детали на суперспортистот од Сант’Агата Болоњезе.
Тоа и не е случајно бидејќи е дело на компанијата Executive Mod Trendz од Мумбаи, која е специјализирана за оптички тјунинг и изработка на реплики.
Тоа значи дека за разлика од сите други ентузијасти, тие барем еднаш во живо го виделе оригиналниот Lamborghini Aventador.
За основа избрале возило со целосно различна концепција – мотор и погон напред место централен мотор и погон на задните тркала, но најверојатно само такво имале. Заради тоа и пропорциите на возилото се далеку од оригиналните, но сепак сé друго е направено доста верно.
Погледнете го видеото и уверете се и самите.
