Uncategorized

Објавени финалистите кои ќе се борат за најпрестижната европска титула, “Car of the Year”

Објавено на

Европските автомобилски новинари по 56. пат ќе го бираат најдобриот  автомобил на Стариот континент.

Европското автомобилско жири составено од 60 новинари кои претставуваат 23 европски држави, го објави списокот на финалисти од кои ќе биде избран Автомобилот на годината во Европа.

Од пошироката листа составена од 30 нови автомобили претставени оваа година, а кои ги исполнуваат условите за учество. стручното жири во најтесен избор за трката избра 7 модели:

  1. BMW 1-Series
  2. Ford Puma
  3. Peugeot 208
  4. Porsche Taycan
  5. Renault Clio
  6. Tesla Model 3
  7. Toyota Corolla

Иако тие се подредени по азбучен лесно може да се забележи дека помеѓу финалистите годинава има само еден претставник од SUV (Кросовер) класата, Ford Puma. За разлика од нив на листата доминираат возила од масовната продукција: 208, Clio, Corolla.

За задржување на трендот на електрификацијата тука се „струјашите“ Taycan и  Model 3, додека премиум брендовите иако годинава изобилуваа со новитети, на листата се најде само Серија 1 на BMW.

Во наредната фаза од Изборот финалистиќе бидат детално тестирани по што Европското жири ќе ја донесе одлуката околу најдобриот помеѓу нив. Обзнанувањето на победникот и свеченото доделување на наградата традиционално се одржува на првиот ден од салонот во Женева, на почетокот на месец март.

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.