Во светот
Обновена Lada Vesta
Рускиот AvtoVAZ ги објави првите официјални информации за рестилизираната Lada Vesta, која во сегашното издание се произведува од септември 2015 година.
Обновената Lada Vesta се разликува по новите предни светла кои кај некои верзии се LED, рестилизираниот браник и дотераната маска.
Фотографии од ентериерот не се објавени, а од порано е најавено дека ќе има промени на арматурната табла, предниот панел и нов мултимедиски систем.
Не се објавени ни техничките измени и цените, ниту пак кога ќе започне продажбата.