EV
Норвешка се збогува со класичните возила
Уште некој месец и во Норвешка практично никој нема да сака да купи возило со класичен мотор со внатрешно согорување.
Проценките направени според движењата на пазарот укажуваат дека веќе во април идната година скоро сите купувачи таму ќе се одлучат за електрични или хибридни модели.
Според податоците, во август во Норвешка 72 проценти од продадените возила биле електрични, а 20,4 отсто хибридни и плаг-ин хибридни.
Затоа е и сосема јасно дека тоа што останува, сега поделено меѓу бензинците (4,6%) и дизелите (3,2%), до пролет ефективно ќе се сведе на нула или многу блиску до неа.
Некои категории, сепак, како што се пикапите, доставните и егзотичните возила, ќе останат во понуда со нехибридни погонски групи.
Официјално, норвешките власти си имаат поставено цел да ја забранат продажбата на нехибридни бензински и дизел возила до 2025 година.
Според проценките, за дваесет години на норвешките патишта воопшто нема да има автомобили со класични мотори.