Освежувајќи ја својата глобална гама, Citroen за пазарите на Јужна Америка и Индија ја претстави новата генерација на моделот C3.
Визуелно различен од европскиот и со изглед кој повеќе потсетува на C4, овој модел на Citroen настапува како пристапен урбан кросовер.
Развиван е во Бразил и Индија и би требало да е базиран на претходната PF1 платформа.
Французите не објавија информации за тоа како и за моторната понуда.
Сепак според локалната расположливост на агрегатите, C3 во Јужна Америка ќе биде понуден со 1.0 и 1.6 бензинците со 75 и 115 КС.
За индискиот пазар е резервиран 1,2 литарскиот турбо со 130 KS.
Димензиски е скоро идентичен со европскиот модел, а опременоста треба да му биде трендовска и со доста модерни содржини.
Продажбата ќе му стартува во првата половина на идната година, најпрво во Индија, а после тоа и во Јужна Америка.
