Но овој пат не е виновен „озлогласениот“ автопилот туку нечиј iPhone 13!
Необичната сообраќајна несреќа се има случено на автопат во САД, каде една сопственичка на Tesla налетала на iPhone 13 при брзина од 70 милји на час (112 km/h).
Таа не знае како се нашол телефонот на патот по кој возела – секунда пред тој да се забие во нејзиниот автомобил видела само нешто како скока по асфалтот.
За нејзина среќа, штетата на возилото не е голема, но истото не може да се каже и за скапиот iPhone чие куќиште е направено од нерѓосувачки челик.