EV
Нов систем на суспензија за идните модели на Maybach
Системот од камери, снимајќи ја површината на патот, автоматски ќе ја прилагодува суспензијата на возилото.
Но секако тоа нема да претставува пречка, на престојниот салон, Los Аngeles Motor Show кој ќе се одржи во ноември, Maybach до ја претстави на јавноста сериската изведба на моделот GLS.
Без разлика на реакциите и негирањата, очигледно дека тој потез сепак претставува одговор на штотуку пристигнатиот прв SUV на Rolls Royce, ултра луксузниот Cullinan.
Едната од нив секако е новиот систем на потпирање кој се состои од нови камери кои го снимаат коловозот и спрема тоа го прилагодуваат потпирањето, обезбедувајќи така ефект на „лебдење“ над патот.
Новиот систем ќе биде подобрена верзија на Magic Body Control system кој се вградува во постоечките модели на Мercedes S-Class. Покрај ова Maybach GLS ќе има и нов бесстепенски менувач кој ќе овозможува глатко возење достојно на очекувањата на корисниците кои претежно се возат на задните седишта.
Тој истакнува дека и понатаму брендот ќе нуди модели опремени со ултра софистицираниот V12 мотор, но дека целосно електрична верзија се планира во наредните пет до десет години.
„Веруваме дека засега комбинацијата на нашиот луксузен и софистициран V12 со електричен мотор е можна но не и неопходна.
За разлика од некои наши конкуренти кои интензивно работат на целосно електрични верзии, нашите размислувања одат во правец електричниот мотор да го вклопиме во состав на менувачот“ – додава Вајсингер.