Во светот
Нов живот за стариот Land Rover
Defender, оној оригиналниот, се пензионираше пред четири години но никогаш не отиде во пензија.
Звучи контрадикторно, но така е – Twisted Automotive е една од неколкуте компании кои сé уште го одржуваат во живот легендарниот теренец.
Најновиот нивни проект е електричниот NAS-E, кој е базиран на северноамериканската верзија на Defender со мек покрив и кратко меѓуоскино растојание.
Ќе биде понуден во две верзии – со 214 и 320 коњски сили, и двете со батерии од 60 kWh и автономија од околу 320 km.
Ќе бидат направени само 30 вакви електрични возила, наменети за американскиот пазар, по цена од 185, односно 210 илјади долари за посилната верзија.
Како најавуваат Британците, првите примероци ќе бидат комплетирани во октомври.