Видео

Нов Гинисов рекорд во слалом (ВИДЕО)

Објавено на

 

16-годишната Кло Чемберс во рекордно време од 47,45 секунди ги мина 50-те конуси во слалом без да допре ниту едно од нив – тоа до сега никому не му успеало.

Она се вика Кло Чемберс, има само 16 години, се натпреварува во картинг, а очигледно одлично ја има совладано и вештината на возење слолом помеѓу конуси.

Поточно, не само совладано таа вештина, туку веќе е носител на Гинисовиот рекорд во таа дисциплина. Сега тој изнесува 47,45 секунди, време во кое успеа да ги помине 50-те конуси поставени на вкупно растојание од половина милја (804 метри), притоа без да собори ниту еден од нив.

Серискиот Porsche 718 Spider управувано од Кло, ги покажа сите вредности, како при забрзувањата така и при стабилноста.

Одлучувачки фактор при вакви зафати е фаќањето на ритам кој ќе овозможи најмали бочни забрзувања при најголема брзина. Очигледно тоа најдобро од сите го има сватено токму Кло која успеа да го собори стариот рекорд кој изнесуваше 48,11 секунди.

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.