Во светот

Нови фотографии на Lynk & Co 09

Објавено на

 

Lynk & Co, брендот на кинеската компанија Geely, полека но сигурно ја шири својата гама модели во која наскоро ќе биде вклучен и новиот голем SUV.

Моделот наречен Lynk & Co 09 беше прикажан на неодамнешниот салон на автомобилите во Шангај, а сега се објавени уште фотографии и нови детали за него.

Базиран е на Volvo XC90 и има три реда седишта, а ќе биде опремуван со 2,0 литарски турбо бензинец со „mild“ хибриден систем од 48V, класичен хибрид и плаг-ин хибрид.

Во зависност од верзијата силината изнесува од 252 до 431 KS, а ќе има верзии и со 4×4 погон.

Продажбата на кинескиот пазар ќе стартува до крајот на годинава, а цените сé уште не се објавени.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.