EV
Новиот Opel Combo прогласен за Van of the Year 2019
На саемот на комерцијални возила IAA кој се одржува во Хановер, близнаците Opel и Vauxhall Combo, заедно со дуото на PSA (Peugeot Partner, Citroen Berlingo) ја понесоа престижната титула „Меѓународен Ван на годината за 2019.
Доделувањето на 127 бодови на Combo од жирито составено од 25 специјализирани новинари од 25 европски земји, го позиционираше новиот Opel пред второпласираниот Mercedes Sprinter (92 поени).
Високото задоволство при возењето, иновативните системи за помош и економичноста одиграа решавачка улога за новиот Combo да ја понесе оваа престижна награда во Риселсхајм, по трет пат од нејзиното воведување во 1992 година.
Opel претходно ја освои наградата International Van of the Year со Astra Van во 1999 година и со Vivaro во 2002 година. Новиот Opel Combo е развиен од Groupe PSA и оптимизиран да ги задоволи потребите на брендот.
При оценувањето жирито посебно ги ценеше бројните системи за помош на Opel Combo, додека Combo Cargo дополнително доби добри оценки поради новиот сензор базиран на Flank Guard. Според тоа, жирито заклучи: “Комбињата на PSA се убедливи на повеќе начини.
Тие нудат професионалци со широк избор на шасии и мотори. Од самиот почеток, Opel Combo е достапен во бројни варијанти, вклучувајќи стандардна верзија од 4.40 метри, тип XL од 4,75 метри и пространа кабина со пет седишта за патници со две лизгачки врати како стандард. Новиот компактен транспортер на Opel исто така ги надминува повеќето од главни конкуренти со волумент од 4.4 м3, носивост до 1.000 кг и можност за превоз на предмети со должина до 3.440 мм.
Умно дизајнираната површина за товарење е доволно широка помеѓу лаковите на тркалата за да се овозможи вметнување до две евра палети – дури и во Combo со кратко меѓуоскино растојание. И исклучително долги предмети, како што се дрвени штици, може да се складира под агол благодарение на опционалниот отворот на покривот.