Во светот

Новиот Fiat 500 ја освои Red Dot 2020 наградата

Објавено на

Првиот потполно електричен модел на FCA, новиот Fiat 500, освои една од најпосакуваните награди во светот на индустрискиот дизајн – Red Dot 2020.

Со својот непогрешлив стил кој ги комбинира италијанска култура и иновативните технологии, Fiat 500 сега е комплетно подготвен да ја презеде својата улога во мобилноста на утрешнината.

Реномираната награда на малиот градски автомобил во категоријата за дизајнерски концепт му ја додели меѓународно жири кое се состои од 21 врвни светски стручњаци за дизајн и академици.

Тие во своето образложение истакнаа дека Fiat 500 ја заслужил со својот исклучителен и единствен дизајн со кој се истакнува во однос на конкурентите. Истата награда ланската година му припадна на концептот Fiat Centoventi.

За освојувањето на наградата глобалниот претседател на брендот Оливие Франсоа рече дека го чини горд бидејќи овој модел отсекогаш одржувал чекор со времето, менувајќи се кога на општеството му била потребна промена.

Red Dot наградата настана во 1955 година и со време стана една од најпрестижните во светот на индустрискиот дизајн. Се доделува во три главни категории – дизајн на производите, комуникациски дизајн и дизајнерски концепт.

Годинава за Red Dot наградата беа примени повеќе од 4.100 апликации од 52 држави.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.