После големиот DS 9 кој беше претставен лани, луксузната филијала на Citroen ја дополни својата понуда и со нова генерација на компактниот DS 4.
Новиот DS 4 е базиран на PSA EMP2 платформата, има должина од 440 cm, широчина од 183 и височина од 147 cm. Атлетската силуета со предизвикувачки стајлинг ја дополнуваат Matrix LED Vision светлата и големите тркала од 19 и 20 инчи.
Во понуда ќе биде и во Cross варијанта со долен дел од браниците со заштита и мат црна боја, сјајно црни детали, посебни тркала, носачи на покривот, Traction Control со режими за возење за песок, снег и кал и Hill Assist Descent Control систем.
Ентериерот е простран со модерни дигитални инструменти, 10-инчен инфо-забавен систем со гласовни команди и гестикулација, Head-Uп дисплеј, Night Vision систем и друго. За внатрешноста се предвидени и седишта со греење и масажа и во зависност од пакетот опрема кожа, дрво, алкантара и карбон.
Во моторната палета на DS 4 ќе се најдат Puretech бензинците со 130, 180 и 225 KS и BlueHDi дизелот со 130 KS, сите спарени со 8-степен автоматски менувач, а е потврдена и плаг-ин верзија со комбинирана моќност од 225 KS и електрична автономија од повеќе од 50 km.
Продажбата на новиот DS 4 ќе стартува во четвртиот квартал годинава.
