Во светот
Нова надеж за Zastava или само празно ветување?
После подолго време, на повидок е нова надеж за некогашна Zastava, за која во сите досегашни вести ѝ се предвидуваа црни денови.
Имено, според српските медиуми државниот врв и претставниците на Stellantis на 28 април ќе најават дека во Крагуевац ќе се произведува нов модел.
Не е прецизирано за кој модел се работи, но се претпоставува дека тоа би била новата Fiat Panda за која сé уште не е одреден датумот за претставување.
Од порано се знае дека овој модел ќе биде базиран на концептот Centoventi, кој пред точно две години доби зелено светло за сериско производство.
Но, тоа беше во времето пред Stellantis…