Во светот
Нова марка автомобили од Полска
После долго време, Полска повторно ќе добие сопствена марка автомобили.
Како и што може да претпоставите, тие ќе бидат електрични.
Но она што не може да го претпоставите е дека зад проектот стојат четири големи полски енергетски компании, главно во сопственост на државата.
Идејата е да се искористи експанзијата на електромобилноста во светот и сопствената позиција што Полска ќе ја има во тоа.
Со таква база, сосема е јасна амбициозноста на Полјаците кои како дизајнери ги ангажираа италијанскиот Torino Design и Полјакот Тадеуш Јелец, кој работеше во Jaguar.
Развојот на првите два модела – хечбек и SUV, веќе се финализира. Ќе следи подготовката за сериското производство, планирано за 2023 година.
За тоа ќе се изгради нова фабрика, чија локација сé уште не е позната. Планирано е годишно да се произведуваат по 100.000 возила.