EV
Новата Mazda6 силно тропа на премиум вратата
Со шестцилиндерски линиски мотор од три литра, хибридна технологија и погон на задната оска, новата Mazda6 има амбиции да им се приклучи на колегите од премиум одделението.
Mazda6 иницијално ќе има погон на задните тркала, но новата LA (Large Architecture) платформа подржува и погон на двете оски.
Моторот е сместен напред надолжно па овозможува вградување на голем, 3.0-литарски линиски бензинец со шест цилиндри од новата модуларна серија, SkyActiv-X.
Во период во кој е модерно да се намалува работниот волумен на моторите до граници на здравиот разум, Mazda оди спроти ветерот и нуди голем мотор кој го комбинира со “mild hybrid” технологија.
Трилитарскиот бензинец со своите 285 КС (345 Nm) е подготвен да се фати во костец со премиум конкурентите од типот на M-B C-Class, BMW Serie 3 или со една Alfa Romeo Giulia.
Фантастичниот изглед на купе-лимузината се должи на KODO пристапот за кој можеме да кажеме дека е вистинско освежување во секој нов облик во кој се појавува.
Колку ќе успее Mazda да ги помеша картите во премиум сегментот на купе-лимузини со средна големина, ќе зависи и од развојот на староседелците во класата но и од однесувањето на новите играчи, Lexus и Genesis.