Во светот
Новата Honda HR-V на 18 февруари
Точно за еден месец Honda ќе ја претстави новата генерација на помалиот свој кросовер H-RV.
Во кратката вест се вели дека согласно мисијата на Honda до 2022-рата да се електрифицираат главните модели во Европа, и H-RV ќе ја има e:HEV хибридната технологија.
При мали брзини работи само електромоторот, додека кога треба повеќе сила се вклучува и бензинскиот но тој само произведува струја, не го движи возилото.
Дури при поголеми брзини на отворен пат бензинскиот мотор преку директна спојка без менувач се поврзува со тркалата и служи за погон, додека електромоторот работи како генератор и ги полни батериите.
Honda за овој модел кој за Европа и САД се произведува во Мексико не објави детали околу техничките податоци на e:HEV системот, кој во Jazz располага со 109 KS.