Во светот
Ни Ferrari не е побрз од куршумите
Светот стана опасно место за живеење, но оние за кои тој е најопасен воопшто не ни помислуваат да се откажат од задоволствата во животот.
Еден таков е неименуван клиент на компанијата AddArmor од Вајоминг, САД, кој на овие специјалисти во својот занает им побарам да му блиндираат Ferrari 458 Speciale!
Па така блиндирањето на еден ваков автомобил уште на прв поглед се чини дека е проект однапред осуден на пропаст.
Стручњаците на компанијата сепак успеаја во тоа со примена на иновативни техники и неконвенционални конструкции и на својот клиент му испорачаа возило блиндирано со степен на заштита B4, кое е за само 90 килограми потешко.
Притоа како бонус, бидејќи за да ја намалат тежината вградија издувен систем од компанијата Capristo кој вообичаено се комбинира со репрограмирање на електронската контролна единица, ја зголемија силината за 40 KS.
Со ваква преработка, цената на овој автомобил порасна на 625.000 долари.