EV

Не паркирај, бушам гуми (видео)

Објавено на

 

Британските комунални служби смислија ефикасен начин против мераклиите кои секогаш се снаоѓаат за паркинг место. Уредот наречен Catclaw се поставува на тротоари на кои паркирањето е строго забрането.

Вечната борба на надлежните градски органи кои треба да воведат ред во сообраќајот (секако и паракирањето) и возачите на кои секогаш нели, им недостасува така потребниот паркинг простор, британските власти ја решаваат со ефикасен уред кој – буши гуми.

И буквално еднаш поставен на тротоарот, штом на него нагазне тркало од возило, заоблениот дел се притиска надолу а од на површина избива шило кое без многу двоумење се забива во пневматикот.

Едноставно и евтино решение кое прекршителот ќе го натера да ја употреби резервната гума или пак ако добро „нагазил“ со двете тркала, да го посети најблискиот вулканизер.

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=0moP21omQXc&feature=youtu.be[/tube]

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.