Видео
Нешто сосема поинакво [видео]
Оние кои тежнеат кон ексклузивноста, сакале или не, мора да одвојуваат многу пари за нешто по што ќе се издвојуваат од другите.
Токму на таквите смета и малата јапонска компанија Mitsuoka, која го подготви својот прв SUV, моделот Buddy, базиран на актуелната генерација на Toyota RAV4.
Од Mitsuoka засега не дадоа слика од внатрешноста, така што може само да се претпоставува колку таа со своите измени ќе отстапува од RAV4.
Механиката, нормално, е иста – Buddy во Јапонија ќе биде на располагање со дволитарски бензинец со 171 КС и 2,5 литарски хибрид со вкупно 178 КС, и тоа со избор од 11 бои и шест двобојни комбинации.
Нарачките ќе започнат да се примаат од крајот на месецов, кога ќе биде соопштена и цената.