EV

Неуспешен обид за спојување на Nissan и Honda

Објавено на

Според информациите на меѓународните финансиски аналитичари, Nissan и Honda преживеале неуспешен обид за спојување.

За него сега се дознава сега иако се случил на почетокот на годинава, како иницијатива на јапонската влада. Идејата се родила при крајот на 2019-тата, кога советниците на јапонскиот премиер му сугерирале дека е потребно поврзување на двете компании по примерот на Toyota со Mazda, Suzuki, Subaru и Daihatsu.

Причината за таквото мислење била што тие сметале дека постои можност за распаѓање на коалицијата на Nissan со Renault, што би ја загрозило компанијата.

Но, обидот за спојување бил отфрлен од двете компании уште пред да стигне за разгледување од страна на нивните управни одбори.

Одговорните во Nissan, Honda и јапонската влада одбија да ги коментираат овие наводи.

Единствен кој тоа го стори беше еден поранешен директор на Nissan кој изјави дека спојувањето на Nissan и Honda има смисла само за оние кои не ја разбираат автомобилската индустрија.

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.