Актуелен Миг

Несекојдневна средба со Британските премиум брендови, Jaguar Land Rover

Објавено на

Отворениот ден за премиум тест возење во ексклузивниот Jaguar Land Rover центар на Automobili Group, беше одлична можност за запознавање со новите Land Rover Discovery Sport и Jaguar XE.

Land Rover Discovery Sport

Убаво беше да се присуствува на тест возењата организирани во Automobili Group. Заинтересираните за прв пат можеа одблизу да се запознаат со новиот Land Rover Discovery Sport.

Веднаш препознатлив по гените од Discovery, со складни пропорции, новиот модел комбинира уникатен карактер и паметен став.

Како носител на сина Британска крв, и прилично надарен со бројни способности, каков што всушност може да биде само еден претставник на Land Rover, тој привлекува со вградената иновативната конективна технологија, информирање и забава.

Логично, околу Discovery Sport се вртеа погледите на оние, кои знаат и препознааваат дека со флексибилноста на внатрешноста и интелигентно решениот простор, ќе може да одговори на сите барања на едно модерно семејство.

Jaguar XE

Од друга страна, новиот Jaguar XE, восхитуваше како едно надреално уметничко дело. Претставен со нова серија на уникатни бои кои ги интегрираат линиите помеѓу уметноста и реалноста.

Оние кои беа привлечени од овој спортски седан, зад воланот можеа да ја почувствуваат новата луксузна внатрешност која носи повеќе комфор, квалитет и самодоверба во секоја смисла.

Бројните тест возења сведочеа за интересот околу подобрената динамична управливост на XE, а за возбудливо возење и несекојдневно искуство свој придонес даваа и напредните технологии кои ги поседува XE, надградбите на потпирањето и изменетиот Jaguar Drive Control систем.

Покрај новите Land Rover Discovery Sport и Jaguar XE, вљубениците во британските премиум возила, можеа да ги откријат ненадминливите способности на Range Rover Sport, Range Rover Velar, новиот Range Rover Evoque, големиот Land Rover Discovery, како и перформансите на Jaguar F-Pace и Е-Pace.

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.