Миланската дизајнерска куќа Zagato го заврши првиот примерок на реинкарнираниот Iso Rivolta GTZ.
За ова име малкумина слушнале, но ако ја споменеме малата Isetta која е токму нивни производ, тогаш станува јасно за каква легенда зборуваме.
Компанијата Iso, како и бројни други од тоа време, остави длабока трага во автомобилизмот но не можеше да ги издржи бизнис-предизвиците.
Во своето активно дваесетгодишно производство на возила имаше малку модели, но кој од кој повеќе се врежа во сеќавањата на сите љубители на вистинските автомобили.
Затоа и со радост од нивна страна беше дочекана веста дека Zagato ќе подготви модерна реинкарнација на моделот Iso Rivolta Grifo A3/C, кој беше современик и конкурент на Ferrari 250 GTO, Lamborghini Miura и Maserati Ghibli.
А тој, како што гледаме, исто како и оригиналот еднакво плени со своите восхитувачки линии кои им се заеднички заедно со потеклото на моторот од Chevrolet, овој пат од 6,2 литри со 660 KS.
Другото е модерно, според времето во кое настанува, а перформансите, се разбира, епски – забрзување до 100 km/h за 3,7 секунди и максимални 315 km/h.
Таква сигурно е и цената која ја знаат само 19-те купувачи, од кои првиот, неименуван Швајцарец, веќе си го презеде возилото.