На некои едноставно никогаш не им е доста – 80-годишниот љубител на Porsche Отокар Ј. од Виена стана сопственик на 80-тиот автомобил од оваа марка во својот живот.
Тој своето прво Porsche го купил во 1972 година, од моделот жолт 911 Е, а во моментов поседува 38 автомобили.
Меѓу нив се и неколку тркачки возила како што се 917 или реткиот 910/8 со осумцилиндричен мотор, а тука се и 956, 904 и 964 Cup.
За нив има изградено посебен објект во кој сега на другите им се придружи и најновиот модел во неговата колекција – Boxster Spyder.
Кој му е омилен не може да избере, а грижата за нив ја покажува на тој начин што секој ден вози друг автомобил.