Во светот
На Американците не им се допаѓа Chevrolet Spark
General Motors планира да ја прекине продажбата на малиот Chevrolet Spark низ Америка – велат немало интерес за него.
Овој модел кој некогаш беше многу популарен кај нас, во САД се продава во својата четврта генерација претставена 2015 година.
По неговото повлекување на купувачите ќе им остане да бираат меѓу Nissan Versa (16.105 долари) и Mitsubishi Mirage (16.125 долари), или пак да се одлучат за значително поскапите Chevrolet Trax (22.595 долари) или Trailblazer (22.795 долари).
Според податоците за продажбата, за малиот Spark кој се произведува во Јужна Кореја лани се одлучиле само 24.459 Американци, што е за 26,9% помалку дури и во однос на пандемиската 2020 година.