EV

Најпродавани EV групации во првиот квартал од годинава

Објавено на

 

Пет автомобилски групации, во првиот квартал од 2022 година произведоа 55% од вкупниот број електрични возила (EV).

И покрај глобалните превирања предизвикани од пандемијата и општата економска криза, производството на чисто електрични возила незапирливо галопира.

Продажните резултати од првиот квартал говорат за зголемување од цели 108% во однос на истиот период од минатата година.

Во првите четири месеци од годината се произведени вкупно 1,44 милиони електрични возила а на првите пет производители отпаѓаат 55% од вкупниот број произведени единици.

Очекувано, на прво место е Tesla со произведени 310.411 примероци освојувајќи така 21,6% од пазарот. Во однос на лани уделот е опаднат (25%) што се должи на појавувањето на голем број нови производители.

Второто место според бројот на електрични возила го зазема групацијата SAIC (вклучувајќи ја корпорацијата SAIC-GM-Wuling) кој успеа на пазарот да пласира 154.623 возила.

Интересно е притоа да се забележи дека кинеско-американската група постигнатиот резултат го должи на микро моделот Wuling Hong Guang MINI EV, а како што е познато Tesla продава модели од високата класа.

Продажба на електрични возила во Q1 од 2022 година (наспроти ланската година):

  1. Tesla: 310.411 – удел од 6% (наспроти 25%)
  2. SAIC (вкл. SAIC-GM-Wuling): 154.623 – удел од 10.7% (наспроти 17%)
  3. BYD: 144.203 – удел од 10%  (наспроти 5%)
  4. Volkswagen Group: 98.455 – удел од 6.8%  (наспроти 8%)
  5. Hyundai Motor Group: 81.744 – удел од 5.7% share

– Вкупна продажба на првите пет рангирани: 789,436 (удел 55%)
– Останати: над 0,65 милиони (удел од 45%)
– Вкупна светска продажба на електрични возила: над 1,44 милиони.

Очекувањата се дека годинава производството на електрични возила ќе се доближи до бројката од цели пет милиони единици. Оптимизмот пред се се должи на понатамошното зголемување накапацитетите за производство на EV.

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.