EV
Најомилените модели во Европа
Според податоците кои ги прибра екипата на порталот „fokus2move“ најомилен модел кај купувачите во првата половина од годината останува VW Golf следен од Renault Clio и VW Polo.
Од друга страна на првата десетка не се најде ниту еден модел на Opel или Fiat а од јапонците присутeн е само Nissan и тоа со само еден модел.
На првото место неприкосновено владее VW Golf со 291.520 (зголемување од 6.4% во однос на лани) продадени примероци.
На следните три позиции пласирани се три модели од иста класа – Renault Clio (207.114), VW Polo (203.247) и Ford Fiesta (162.180). Кога веќе говориме за „Б“ сегментот да напоменеме дека Peugeot 208 со 135.736 и Citroen C3 со 123.196 примероци се пласирани на осмото односно десетото место.
Распоредот на директните конкуренти од класата: Peugeot 2008 е на 18.; Toyota C-HR на 33.; VW Т-Rock на 35.; Opel Mokka X на 52.; Opel Crossland X на 58.; Citroen C3 Aircross на 59 и тн. јасно го покажуваат зголемениот интерес за субкомпактните SUV/кросовери.
Темелноста на добиените резултати на стручните служби на „fokus2move“ се базира на анализа добиена од сите национални здруженија на производители или дилери, вклучително и Европската Асоцијација на Автомобилски Производители.
Во пресметката се вклучени 28 европски држави плус 3 членки на E.F.T.A (Швајцарија, Исланд и Норвешка) како и на државите од Источна и Јужна Европа како што се Русија, Турција, Украина, Босна, Србија, Македонија, Молдавија, Белорусија, Ерменија, Грузија и Албанија.
На листата подолу се дадени првите десет модели од вкупно обработените 100 најпродаванеи модели.
- VW Golf 291.520
- Renault Clio 207.114
- VW Polo 203.247
- Ford Fiesta 162.180
- VW Tiguan 159.529
- Nissan Qashqai 156.455
- Skoda Octavia 146.174
- Peugeot 208 135.736
- Ford Focus 133.282
- Citroen C3 123.196
Извор: www.fokus2move.com