Нема тркала, ама има два V12 мотори кои испорачуваат цели 4.000 коњски сили, доволни за едвај 111 km/h.
Затоа е и контрадикторното тврдење во насловот – луксузната јахта на Tecnomar која го носи славното име истовремено е и најмоќниот и најбавниот Lamborghini било кога направен.
Оваа јахта која изгледа фантастично беше најавена минатото лето, а сега, со заеднички сили на двете компании, е испорачана на сопственикот.
Се одликува со модерен стил нагласен со препознатливи од возилата на Lamborghini детали, суперспортска силуета и изненадувачка аеродинамичност.
И во внатрешноста која е изведена на максимално можно највисоко техничко ниво се препознава духот на болидите од Сант’Агата Болоњезе.
За спалните соби се користени материјали кои се среќаваат во автомобилите на Lamborghini, а присуството на карбон се забележува насекаде.