EV

Најавен електричниот Polestar 3

Објавено на

 

Со една маскирана фотографија и без ниту еден збор за него освен дека ќе биде електричен, Polestar го најави и својот трет модел.

Затоа пак надолго и нашироко ги изложија своите планови според кои овој SUV има поинакво позиција отколку досегашните два модела.

За разлика од нив, кои се произведуваат во Кина, спортскиот Polestar 3 почнувајќи од идната година ќе пристигнува од фабриката на Volvo во Јужна Каролина, САД.

Тоа само по себе кажува дека ќе има нова заедничка платформа и добар дел од најавените технологии за шведските модели меѓу кои и напреден систем за автономно возење.

Тој според раководството на Polestar ќе биде прв од планираните три нови електрични возила кои ќе се појават во наредните три години.

Од другото ќе споменеме и дека до 2025 година се планира продажбата од сегашните 29.000 да се зголеми на 290.000 возила годишно.

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.