EV
Најавена Škoda Enyaq Coupe iV [видео]
Електричната Škoda Enyaq iV која ја имаше премиерата лани во септември ќе добие и купе верзија со поемотивен дизајн.
Најавена за пред крајот на годинава, таа во однос на стандардниот модел има изменет заден дел, поинаква линија на покривот и друга петта врата.
Најавени се верзии со погон на задните тркала и електромотори со 179 или 204 коњски сили и батерии од 62 или 82 kWh, додека верзиите со 4×4 погон ќе имаат 265 и 306 KS и ќе доаѓаат исклучиво со поголемите батерии.