Плановите на Lexus вклучуваат широка палета на електрични возила прилагодени на сечиј вкус, која ќе ја најави идниот RZ.
Го видовме како концепт во декември, а дебито на сериската верзија е предвидено за пролетва, заради што Јапонците нé почестија со првите официјални фотографии.
Не е тајна – Lexus RZ ќе биде премиум верзија на Toyota bZ4X, електричното првенче на компанијата кое уште ќе се продава и како Subaru Solterra.
Каросеријата е иста што најдобро се гледа од профил, но површинската доработка е прилагодена на стилот на Lexus.
Модуларната e-TNGA архитектура предвидува сместување на батериите во подот на кабината, а врската на управувачот со тркалата е електронска.
За техничките спецификации ќе мора да почекаме до премиерата – Toyota bZ4X има еден или два електромотора со 204 или 218 KS и погон на предните или сите четири тркала.
И во двата случаи пакувањето на батериите е со капацитет од 71,4 kWh кој овозможува автономија меѓу 460 и 500 километри.
За Lexus RZ сепак логично е да очекуваме посилни електромотори, додека батериите веројатно ќе бидат исти.