Во светот
Напредокот има своја цена …
… посебно кога е исфорсиран – BMW заради недостаток на чипови ќе ја скрати понудата на возила со екрани чувствителни на допир.
За некои оваа вест ќе биде позитивна бидејќи таквите екрани го одвлекуваат вниманието, но за сите останати ова сепак е голем чекор назад.
Ама ако нема друго, тогаш и ова мора да се прифати, дури и кога доаѓа од премиум производител од Германија кој се декларира како понапреден од другите.
Како и да биде, во тој случај купувачите на возилата, сакале или не, ќе треба да се насочат кон вистинските вредности на автомобилот за кој дале многу пари.