Во светот
Налепници место регистарски таблички [видео]
Американците имаат проблем кој никој друг го нема – монтирањето на предните регистарски таблички на возилата.
Имено, таму секоја сојузна држава посебно одредува дали возилата мора да имаат две или пак само една регистарска табличка назад.
За да се намалат маките на возачите дополнително да ги дупчат браниците на своите возила, Калифорнија уште во 2013-та година започна да бара алтернативни решенија.
Најдоброто дојде во вид на налепници, кои седум години беа испробувани на флота полициски патролни возила.
Сега нив може да ги добие секој – сé што треба да направи е да ги достави податоците за регистрацијата на своето возило до компанијата која ги изработува налепниците.
Може да се бираат осум различни дизајни кои вклучуваат повеќе елементи, како ознаки за инвалиди и слично, а цената изнесува 85 долари.