Актуелен Миг
„М Кар“ прослави пет години постоење
Компанијата „М Кар“, увозник и дистрибутер на брендовите BMW и MINI за Македонија и Косово го одбележува својот 5-ти роденден, создавајќи успешна приказна на пазарот на премиум автомобили.
Од 2015 година компанијата бележи континуиран раст, при што од затворено дилерство со посветеност и грижа кон корисниците, постепено ја врати довербата и го достигна приматот – број 1 во премиум сегментот во Македонија за 2020 година, пред своите клучни конкуренти Mercedes-Benz и Audi.
Генералниот директор на М Кар, Марко Јовановски по повод јубилејот изјави:
Уште во втората година од своето постоење, во 2016 година компанијата M Кар ја освои наградата „BMW Presidents Award“.
Оваа награда претставува престижното и највисоко признание доделено од групацијата BMW на своите партнери. Истата година моделот BMW X1 беше прогласен за SUV на годината 2016.
Благодарение на силното партнерство со групацијата BMW, M Kaр во своето работење секогаш успева да обезбеди промоција на сите нови модели, веднаш по нивните светски премиери на познатите меѓународни саеми.
Некои од позначајните настани организирани од страна на М Кар во изманитиве 5 години се:
– „BMW Generation X roadshow 2016г.“ – неколкудневен настан во соработка со групацијата BMW каде посетителите имаа уникатно задоволство да ја тестираат xDrive технологија на најновите модели од BMW X семејството на возбудлива off road рута;
– „М Car отворени врати 2016 год.“ – каде пошироката јавност имаше можност да се запознае со целото работење на продажниот – сервисен центар како и да ги тестира најновите BMW и MINI модели;
– „Бизнис Атлет 2017 год.“ – уникатeн вечерен настан во М Кар за промоција на новиот BMW Серија 5 Седан;
– „Самит 100“ 2017 год. – официјален превозник на бизнис самитот
– „Дигитален самит за земјите од Западен Балкан 2018“ – официјален превозник на делегациите на самитот.
– “The Boss is Back” 2018 год.– дневно, премиум искуство за промоција на новиот BMW X5;
– 2019 год. Соработка со музичката легенда Влатко Стефановски, кој креираше афтентично BMW звучно лого за кампања за новиот BMW Серија 3 Седан.
– Новиот BMW Серија 3 Седан официјален автомобил на „Fashion Weekend 2019 год.“
– GKL+ 2019 год. – престижна 7 степена гала вечера за промоција на три водечки BMW модели од луксузниот сегмент: првиот BMW X7, новиот BMW 7 и сосема новиот BMW 8 Coupe, каде специјален гостин на настанот беше Влатко Стефановски.
Едно од останатите достигнувања на М Кар во изминатите години, вредно да се спомне е домаќин на BMW Football Importers Cup во 2019 година кој се одржува за регионот на Африка, Карибите и Источна Европа .
Освен продажниот и сервисен центар за BMW и MINI, компанијата дополнително врши и дипломатска продажба, користени возила по принципот „старо за ново“, а од 2020 година започнува со дистрибуција на комплетно електрични возила од програмата BMW i и MINI Electric.
По повод својата 5 годишнина, во знакот на 5, М Кар промовира акциски понуди за BMW и MINI, како за продажба, така и во постпродажба.
текст & фото: „М Кар“