Анализи
Можеби е време повторно да одиме во авто-школа [видео]
Од година во година сé поголем е бројот на активни системи за помош на возачите, но и бројот на возачи кои не знаат за што служат тие.
Вакво сознание произлегува од анализата која холандскиот автоклуб ANWB ја направи во соработка со сестринските организации во шест европски земји.
Според нив, повеќе од 70 отсто од сопствениците на автомобилите не се во целост свесни што овие системи можат.
Холандските експерти откриле дека она што тие возачи го знаат е дека системите за помош им асистираат, но не и како, заради што и не ги користат.
Заради тоа ANWB заговара возачите за системите за помош подобро да се информираат уште при купувањето на автомобил, при што продавачот би имал важна улога.