EV
Лук Донкерволке е нов шеф-дизајнер на Hyundai Group
Luc Donckerwolke, дизајнерот кој има исклучителна кариера во Seat, Lamborghini и Bentley застанува на чело на групацијата во која се Hyundai, Kia и Genesis.
Да тој секако е тука, само што сега од ново отворената позиција шеф на дизајн-менаџментот на компанијата ќе ја контролира работата на дизајнерските екипи.
Всушност, бившиот дизајнер на Audi, целосно ќе биде посветен на стретегиските прашања на корејскиот автомобилски гигант.
Инаку, Донкерволке претходно го знаеме по креациите на Bentley, а претходно работеше и во Seat, а најапозната негова креација секако е Lamborghini Murcielago, лансиран уште во 2002 година.
Со г-дин Донкерволке иамавме прилика да поразговараме минатата година во Сеул при лансирањето на Hyundai Kona. Притоа со голема посветеност и страст во најситни детали ни го објасни пристапот употребен во дизајнирањето на комапктниот SUV на Hyundai.